За нас

12
Нашата компанија Агро-Линк започнува со работа во 2005 година, конкретно со фармерско одгледување на полжави. Посебните видови на полжави кои се чуваат во овие фарми се: Helix Pomatia I Helix Aspersa, познати под псевдонимите `лозов полжав` и `син полжав. Во моментов се повеќе се зголемуваат површините со шарениот полжав Helix Aspersa.

Последниве 3 години преку нашата фирма, новоотворените фарми беа снабдени со сите потребни материјали и на крај од сезоната на истите им го откупивме целокупното производство на шарен полжав и го испорачавме на нашиоте партнери во Италија. По две години подоцна, во 2007  започнавме со адаптирање на постоечки објект за производство на печурки. Решението за да се одгледува буковка се темели на фактот дека кај нас во Македонија не е многу застапена, а на пазарот е многу баранa, исто така изобилува со многу хранливи материи. Нејзиното производство би сакале да го зголемиме во иднина, како би можеле да остваруваме и извоз надвор од државата. Со Општината Чашка имаме потпишано договор за приватно јавно партнерство со којшто имаме неограничени можности за остварување на нашите проекти и развој во Општината Чашка. Исто така имаме формирано здружение на одгледувачи на полжави и одгледувачи на печурки коешто содржи петнаесет фарми од целиот регион на Р.Македонија и подготвени сме да организираме кооперантски односи како и за полжавите така и печурките. Со сите тие фармери, заедно, го остваруваме извозот на полжави во Италија. Производството на нашата фарма е најголемо, 30%,  додека остатокот е збир од останатите фармери. Исто така сме членови во Министерството за економија како кластер и секоја година сме поддржани од нивна страна.  80% од приходите на Агро-Линк се остваруваат од извозот на полжавите, додека 20 % од производството на печурка буковка. Веќе една година постои и фирмата “Слоу фуд”, која што е формирана зеднички, со парнер од Холандија, за развој на примарното полжаварство во Македонија. Нашата фирма многу наскоро ќе започне и со одгледување и на печурката од видот Шитаке.